Мурињо бара од ѕвездите на Јунајтед да покажат иста пасија за клубот како навивачите

by
1 минути читање

Жозе Мурињо се наоѓа во незавидна ситуација, го губи влијанието во соблекувалната откако почна да се расправа со неколку незадоволни играчи, па Португалецот сега се обидува да го врати расположението во тимот.

Сега Мурињо ги фали фановите кои му даваат поддршка на тимот и кога има лоши резултати и бара од фудбалерите да покажат исто таква љубов кон Јунајтед.

„Би кажал дека однесувањето на фудбалерите е најважната работа, што се однесува до фановите од нив не можам да побарам повеќе“, вели Мурињо.

„Не можам да побарам ништо повеќе од фановите од тоа што го даваат и кога имаме добри и кога имаме лоши резултати“.

„Мислам дека време е играчите на теренот да им покажат на фановите дека го сакаат клубот исто како и тие“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×