Работнички верува дека ќе го помине Хонвед

by
1 минути читање

Утре (среда) со почеток од 17:30 минути на игралиштето на тренинг центарот на ФФМ, Работнички ќе игра со Хонвед во првиот меч од квалификацискиот дуел за Лига Европа.

„Искрено верувам дека ќе успееме во оваа европска пресметка, иако кога ни падна Хонвед можеби многумина и не прежалија. Јасно е дека го почитуваме противникот, но веруваме и во своите квалитети. Најважно е ние како ќе одиграме, иако Хонвед добро го анализиравме. Мислам дека имаме реални шанси да одиме понатаму. Има 180 минути игра во која многу нешта ќе одлучуваат. На теренот ќе се каже се!“ – вели тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски.

И капитенот Остоја Стјепановиќ верува во пласман во следното коло.

„На нас е да го дадеме максимумот. Имаме квалитет, работевме напорно во текот на подготовките, мислам дека сме добро воиграни и ќе дадеме се за да се пласираме во следното коло. Хонвед е квалитетен тим, но и ние имаме верба во себе. Секако посакуваме триумф на првиот меч во Скопје. Во голема мера резултатот од овие дуели ќе зависи од нас самите“, вели Стјепановиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани