Легендарниот
македонски фудбалер Дарко Панчев, кој ја обавува функцијата спортски директор
на Вардар, во интервјуто за Спорт1 крена голема прашина откако изјави дека
управата на клубот му се меша во изборот за засилувањата на тимот, додавајќи
дека тоа не се негови решенија.
Бобан Грнчаров
веќе се повлече од фудбалските терени, а екс капитенот на црвено-црните вели
дека изјавата на Панчев е само алиби, додаде дека тоа е поради неговата
неспособност, барем како што тој вели, да донесе играчи во тимот.
„Изјавата на
спортскиот директор му е чисто алиби. Затоа што не е способен да донесе играчи.
Ако тој одлучува, а нема дозвола, значи дека или не му веруваат или досега имал
многу грешки. Нека си даде оставка тогаш“ вели Грнчаров во изјава за Спорт1.
Вардар ланската
сезона ја заврши на второто место во нашиот најсилен фудбалски шампион, со
неверојатни 35 бода негатива зад шампионот Шкендијa.
Интервјуто на Грнчаров за Спорт1, во целосна форма прочитајте го – ТУКА.