Ливерпул е во преговори со Лацио за нивниот голман Томас Стракоша, а дел од
медиумите на Островот пренесуваат дека тимот од Енфилд веќе испратил и
конкретна понуда вредна 30 милиони евра плус бонуси.
Според
информациите кои ги пренесува Дејли Мирор, се вели дека Премиерлигашот во Стракоша
гледа идеално решение за проблематичната голманска позиција, особено по поразот
во финалето од Лигата на шампионите и киксовите на Кариус.
23 годишниот
албански голман е прва опција за Ливерпул во овој летен преоден рок што се
однесува до таа позиција, а Стракоша е незаменлив на голот на Лацио веќе две
сезони и веќе го покажа својот квалитет.
Неофицијалните
информации велат дека понудата на Ливерпул до Лацио изнесува 30 милиони евра, а
со бонусите би достигнала до 35 милиони евра, онолку колку што наводно тимот од
Рим бара за својот голман.
Стракоша има
активен договор со италијанскиот клуб до 2022. година.