147
Со месеци се
говореше дека Емре Џан ќе го засили шампионот на Италија откако фудбалерот не
пронајде заеднички јазик со Ливерпул за продолжување на соработката.
Најавениот
трансфер конечно се реализираше денеска, Германецот утрово пристигна во Торино,
ги помина редовните лекарски прегледи и попладнево стави потпис на четири
годишен договор.
Тоа што во
Јувентус пристигнува како слободен агент, Емре Џан дебело наплати. „Старата
Дама“ соопшти дека во следните две години ќе треба да исплати вкупно 16 милиони
евра на име на бонуси.