Перез: Тешко ми падна кога Зидан ми ја соопшти одлуката, сакав да го предомислам но…

by
1 минути читање

Французинот изминатиов викенд го предводеше Реал Мадрид до нов успех во Европа и трета титула во Лигата на шампионите во исто толку години. Стратегот сепак реши да се повлече од кормилото на „Кралевите“ и за својата одлука вчера го известил Флорентино Перез.

Зинедин Зидан својата одлука сега ја соопшти и на вонредната прес конференција која се одржа во тренинг центарот во Валдебебас на која присуствуваше и самиот Флорентино Перез.

Откако Зизу ја образложи одлуката, првиот човек на Реал рече: „Откако стигнавме до титулата во Лигата на шампионите ова е неочекувана одлука. Ми падна тешко кога Зидан вчера ме извести за одлуката. Ова е тажен ден за мене, за играчите и сите кои работат во клубот. Би сакал да можев да го предомислам но добро знам што значи кога Зидан ќе донесе одлука, можеме само да ја прифатиме и да ја почитуваме.“.

„Сакам да му се заблагодарам за посветеноста, неговата љубов за клубот и се што нарави за Реал Мадрид изминативе години. Ова не е збогување, би рекол ќе се видиме наскоро, но доколку му е потребна пауза, целосно ја заслужува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани