Ѓуровски: Денес сигурно не би преминал од Звезда во Партизан, ризикот е преголем

by
1 минути читање

Милко Ѓуровски е
фудбалерот кој во својата кариера играше во Црвена Звезда во периодот од
1979-1986,  а по позајмицата во Чукарички
реши да го облече омразениот дрес на неговиот поранешен клуб, да потпише за
Партизан.

Тој во изјава за
српските медиуми вели дека во денешно време не би направил таков чекор во
кариерата, од едноставна причина, ризикот е преголем.

Нема шанси денес
да би преминал од Црвена Звезда во Партизан, ризикот е преголем. Не би сакал да
морам да ангажирам телохранители да ме чуваат и постојано да размислувам дали е
безбедно да се појавам помеѓу народот, да се вртам постојано околу себе додека
шетам низ градот
“ изјави Ѓуровски.

Извор/Фото-вест:
alo.rs

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани