Се говори дека
Масимо Алегри го идентификувал Сергеј Милинковиќ Савиќ како трансфер од
сонишатата но очигледно стратегот ќе мора да се задоволи со план Б и некое
друго име.
Претседателот на
Лацио, Клаудио Лотито порача дека Србинот нема да заврши во Торино
бидејќи шампионот на Италија не може да си го дозволи играчот.
„Нема шанси
Милинковиќ Савиќ да се пресели во Јувентус бидејќи Јуве нема пари да го купи!” – е одговорот кој Лотито го дал во
телефонскиот разговор со Тутоспорт, весник близок до управата на „Старата
Дама“.
Останува да се види како Јувентус ќе реагира на оваа провокација. „Бјанконерите“ имаат далеку поголема финансиска моќ од другите клубови во Италија и речиси секоја година од своите конкуренти купуваат по некој играч. Пред две години на Наполи му платија 90 милиони евра за да го ангажираат Гонзало Игуаин, од Рома го купија Миралем Пјанич, а минатото лето пазареја и кај лутиот ривал Фиорентина, во Торино беше донесен перспективниот Федерико Бернардески.
Покрај краткиот разговор со Тутоспорт, првиот човек на
„Бјанкочелестите“ и синоќа говореше за можна продажба на Милинковиќ Савиќ за
кого сериозен интерес пројавуваат Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед.
„Одбив 110
милиони евра за неговите услуги на 29. август, па не знам колку вреди сега, но
можам да ви кажам дека 100 милиони евра нема да бидат доволни. Лацио не е
супермакет, ние сме солидна компанија и без финансиски проблеми”.