Кога го купувал Фабрегас, Венгер ги сакал и Меси и Пике! Сега бјаснува зошто не успеал да ги добие и нив

by
1 минути читање

Фабрегас пристигна во Арсенал во 2003 година откако на 16 години ја напушти школата на Барселона.

Венгер се обидел да ги добие и Пике и Меси, но дефанзивецот тогаш отиде во Манчестер јунајтед, а аргентинскиот фудбалер остана во Барселона.

„Се сретнав со родителите на Сеск, но бевме заинтересирани и за Меси и Пике. Се обидовме да ги донесеме сите тројца, но не успеавме. Го добивме Сеск кој е исклучителен фудбалер. Мозок за фудбал“, вели Венгер.

„Не успеавме да ги донесеме Меси и Пике поради агентите. Мислам дека тоа беше поврзано и со Најк во тоа време, тие сакаа Пике да оди во Манчестер јунајтед. А Барса не сакаше да го загуби Меси и му понудија договор кој го задржа во клубот“.

„Навистина не знам дали Меси бил заинтересиран да дојде во Арсенал. Не можев да дојдам блиску до обид да постигнеме договор бидејќи Барселона го сосече таквата можност уште на стартот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани