Флорентино Перез последен
пат реализираше трансфер бомба во 2014 кога го донесе Хамес Родригез, а од
тогаш па наваму, Реал Мадрид не се расфрла премногу со пари. Но се очекува тоа
да се промени ова лето, голем број на звучни имиња се поврзуваат со преселба на
Сантијаго Бернабеу.
Секако, трансфер
од сонишната е Нејмар, а како опции се и дамнешните желби Еден Азар, Роберт
Левандовски, Давиде де Хеа и Тибо Куртоа. Летото е долго, Реал не се брза, а во
меѓувреме шампионот на Европа работи и на други зделки.
Медиумите од
Шпанија пишуваат дека прво засилување би можел да биде супер талентираниот
десен бек на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола. Реал со месеци го следи играчот,
веќе има договор со него и останува уште да пронајде заеднички јазик со клубот
од Сан Себастијан.
Реал Сосиедад не
се откажува лесно од младата ѕвезда, па „Кралевите“ ќе треба да ја платат
неговата откупна клаузула вредна 40 милиони евра.
Една ваква зделка
ќе биде копија на она што се случуваше минатото лето, кога Реал Мадрид ја
активираше откупната клаузла на Тео Ернандез од Атлетико Мадрид. Левиот бек, за
кого беа платени 30 милиони евра, беше прво засилување и беше донесен како резерва за Марсело. Алваро
Одриозола пак треба да биде резерва за Дани Карвахал.