462
Турција славеше
над Иран со 2-1 во контролниот меч кој синоќа го одигра во Истанбул, а двата
гола за победничкиот табор ги постигна напаѓачот на Евертон, Ченк Тосун.
Особено допадлив
за око беше првиот гол во шестата минута со кој го отвори мечот на резултатски
план, а истиот го постигна во манир на врвен стрелец.
Тосун од зимскиот
преоден рок е во редовите на Евертон каде пристигна од Бешикташ, на 14
натпревари постигна 5 погодоци, па ако Евертон со нетрпение ја чекаат идната
сезона, Тосун е дефинитивно една добра причина.
Вреди да се погледне и неговиот втор гол против Иран…