По Наби Кеита од
РБ Лајпциг, „Црвените“ договорија уште едно засилување за средниот ред, на
Енфилд пристигнува Фабињо од Монако.
Бразилецот
минатото лето се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед но Монако одби да
го продаде играчот откако од клубот си заминаа неколку клучни фудбалери како
Килијан Мбапе, Бернардо Силва, Тимуе Бакајоко и Бенџамин Менди.
Но медиумите
продолжија да шпекулираат за негов можен трансфер на Олд Трафорд а изминативе
месеци тој отворено флертуваше со „Црвените ѓаволи“.
Сепак, Ливерпул е
тој кој стигна до потписот на Фабињо и покрај тоа што практично и да немаше
најави за еден ваков трансфер.
Клубот од Енфилд
вечерва потврди дека е постигнат договор. Медиумите шпекулираат дека двата
клуба за неколку дена пронашле заеднички јазик и си подале рака за зделка
вредна 45 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Фабињо, кој
одлично се снаоѓа и како десен бек, треба да биде замене за Емре Џан, кој не го
продолжи договорот и се очекува како слободен играч да потпише за Јувентус.