56
Реал Мадрид ја
продолжи доминацијата во Европа одбранувајќи го трофејот од Лигата на
шампионите, откако, во големото финале кое се одигра во Киев со 3-1 беше подобар
од Ливерпул.
Херој во
победничкиот табор беше Герет Бејл, кому му беа потребни само три минути за да
демонстрира на теренот што знае и умее, Велшанецот во 64. минута со
спектакуларни ножички погоди во мрежата на англискиот тим за 2-1, а веќе во 83.
минута со силен удар од далечина погоди и за конечни 3-1, но, оној првиот гол
со ножички е голот за кого сите зборуваат, а интересна реакција имаше и Роберто
Карлос, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.