Квалификации за ЛШ: Може ли Малме повторно да настрада од македонски шампион?

by
1 минути читање

Шкендија со
двојна круна, како во лигата, така и во купот оваа сезона ја потврди доминацијата
во нашиот најсилен фудбалски шампионат.

Тетовските
црвено-црни веќе имаат можност и да ги проследат сите потенцијални противници
во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на
шампионите.

Нашиот шампион со
коефициент 3.5 е прворангиран во групата на неносители, каде уште се наоѓаат и
Олимпија Љубљана од Словенија, како и Спартак Трнава од Совачка.

Во групата на
носители со највисок коефициент котира бугарски Лудогорец (37.0), а потоа
следат Селтик од Шкотска, АПОЕЛ од Кипар, Легија Варшава од Полска и Астана од
Казахстан. Потенцијален противник на Шкендија е и Малме од Шведска кој лани
доживеа елиминација од Вардар, а тука се уште и Црвена Звезда, како и
албанскиот првак Кукеши и босански Зрински кој за малку во однос на
коефициентот е пред Шкендија во групата на носители.

Како еден од
потенцијалните противници на нашиот првак е и Видеотон од Унгарија каде
настапува екс фудбалерот на Вардар и македонски репрезентативец, Бобан Николов.

Ќе потсетиме дека
лани Шкендија имаше одличен европски настап откако стигна до плејоф рундата од
квалификациите за Лига Европа, каде налета на гигантот Милан, па се помири со
вкупен пораз од 7-0 во двата меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани