Фулам и Астон Вила играат за најголемата парична награда во светот на фудбалот, во прашање се 170 милиони фунти!

by
1 минути читање

Можеби финалето
од Лигата на шампионите е најспектакуларниот натпревар кога е во прашње
клупскиот фудбал, но кога се работи за паричната награда и економските предобивки, му нема рамен на баражот за влез
во Премиерлигата.

Од 18 часот на
Вембли силите ќе ги одмерат Астон Вила и Фулам, а победникот покрај тоа што ќе
избори промоција во елитата ќе си обезбеди и голема финансиска награда.
Проценките велат дека овој меч носи најмалку 170 милиони фунти. 95 милиони фунти е
минималната сума која се добива за сезона во Премиерлигата, а останатите 75 милиони
фунти се исплати во следните три години во случај клубот веднаш да се врати во Чемпионшип.

Но доколку по
промоцијата се обезбеди и опстанок, приходите се многу поголеми и се движат и
до 280 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани