BET-IBC совети за обложување: Копенхаген ја спасува сезоната со бараж за излез во Лига Европа

by
5 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Копенхаген – Архус: Победа на домаќините

Во последниот натпревар од првенството на Данска оваа сезона, Копенхаген се среќава со Архус во бараж за место во Лига Европа. Копенхаген има разочарувачка сезона која започна со квалификациите од Лигата на шампионите, каде беа подобри од нашиот Вардар во третото коло, но го загубија двомечот со Карабаг и се преселија во Лига Европа. Успешно ја поминаа групната фаза од најмасовното европско натпреварување, но во осминафинале налетаа на Атлетико Мадрид, тимот кој на крајот го подигна пехарот. Но во домашното првенство не одеше според планот, Копенхаген не само што одамна ја загуби битката за титулата туку заврши на четвртата позиција. Избраниците на Солбакен не постигнаа гол во последните три кола, а од последните пет меча освоија само четири бода, па ја загубија третата позиција на табелата која носеше квалификации во Лига Европа. Па сега против Архус ќе бркаат настап во второто по ранг натпреварување на стариот континент. Архус сезоната ја заврши во одлична форма, без да загуби на последните пет средби, на кои забележа дури четири победи. Но и покрај сето ова, Копенхаген влегува како голем фаворит во мечот, особено поради тоа што ќе се игра на „Телиа Паркен“ и ќе ја имаат поддршката од своите фанови. Копенхаген оваа сезона веќе славеше во два наврати над Архус, а на последните седум пресметки има исто толку победи. Архус за последен пат го има совладано гигантот во 2009. Па за очекување е Копенхаген да забележи нова победа, и колку толку да ја спаси сезоната.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Дандалк – Бреј: 1-1

Во 20. коло од првенството на Ирска, првопласираниот Дандалк го пречекува фенерџијата Бреј. Избраниците на Кени во понеделникот се вратија на лидерската позиција на табелата откако прикажаа импресивна партија против Ватерфорд и славеа со 2-0. Гостите пак се во резултатска криза, имаат два порази во серија односно три загубени натпревари од последните четири. Во првото коло од новата сезона Дандалк го пречека Бреј и резултатот беше прилично изненадувачки откако мечот заврши со почетните 0-0. По овој дуел, Дандалк има гол разлика од +32 додека пак Бреј има гол разлика од -36. Па домаќините сигурно ќе сакаат да избегнат уште еден ваков резултат. За вечерашната пресметката, Дандалк ќе има одредени проблеми поради повреди. Ганон и Чведукас се надвор од стројот, Монтни го чека пауза од два месеци откако ја обнови повредата на коленото, а капитенот О’Донел ќе биде отсутен до крајот на сезоната откако овој месец заработи фрактура на ногата. Гостите пак немаат некој поголеми проблеми при составување на тимот, единствено ги загрижува лошата форма и само две победи од досегашните 19 натпревари. Поразот од Дери Сити беше 15-от меч оваа сезона на кој „Галебите“ останаа со празни раце. Дандалк може да биде загрижен поради тоа што пет поени од вкупно освоените осум на Бреј дојдоа од дуели со екипи кои се во топ четири на табелата. Сепак, домаќините не би требало да имаат многу проблеми вечерва и за очекување е да ги осигураат трите бода уште во првото полувреме.

Торонто – Далас: Двата тима постигнуваат гол

На БМО Филд, Торонто го пречекува Далас, актуелниот шампион ќе се обиде да сврзе две победи и да ја врати сезоната во домашното првенство на прав пат. „Црвените“ ги жртвуваа првите неколку кола за да се фокусираат на Лигата на шампионите и патувањата низ Северна Америка. Желбата за атак на титулата од континенталното натпреварување придонесе да бидат забележани неколку лоши резултати во МСЛ шампионатот. На ова се надоврзаа и проблемите со повредите, па Торонто во моментов е на 9-та позиција на табелата на Истокот со само 10 бода од исто толку натпревари. Избраниците на Вани забележааа победа во минатото коло над Орландо, и сега ги чека нов предизвик и дуел со Далас, тим кој има само еден пораз оваа сезона. Добра вест за домаќините е тоа што во тимот се враќаат двајцата стандардни стопери. Виктор Вазкез и Мајкл Бредли ќе играат во средниот ред, а по суспензијата од еден натпревар, Себастијан Џовинко ќе го предводи нападот. Сепак, првиот напаѓач Алтидор останува надвор од сторјот. Далас во Канада пристигнува со цел тим но и големо разочарување од минатото коло откако прокоцкаа два гола предност и мораа да се задоволат само со бод по примениот гол од пенал во десетата минута од судиското надополнување. Се очекува Торонто да го има поседот на топката додека пак гостите својата шанса за поволен резултат да ја бараат преку брзите контри. На последните пет натпревари на Торонто паѓаат најмалку три погодоци, а дури на четири од пет меча се треселе двете мрежи. На последните пет меча на Далас пак има 17 погодоци, а гол паѓал на двете страни на четири од последните пет натпревари на тимот од Тексас. Слична е статистиката и за меѓусебните дуели, на четири од пет меча има најмалку три погодка, а на исто толку средби се тресела мрежата и на Торонто и на Далас.  

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани