За финалето од Лигата на шампионите се очекува околу 20.000 навивачи на Ливерпул да допатуваат во престолнината на Украина, а првите групи на фанови пристигнаа уште вчера. Очигледно не требаше многу време за да се случи инцидент, медиумите од „Островото“ пренесуваат за тепачка во ресторан во близина на Олимпискиот стадион.
Според „Мирор“, околу 20 хулигани влегле во ресторан полн со навивачи на Ливерпул и почнале да маваат се пред себе. Летале маси и столици, имало и крив, навивачи на Ливерпул се здобиле со исекотини по телото и лицето. Полицијата уапсила само двајца од напаѓачите.
„Вечеравме нормално и си правевме наши муабети. Не дојдов тука за ова, дојдов да гледам фудбал. Во Киев сме само четири часа и веќе бевме нападнати. Дојдоа на нас како кучиња. Беше страшно“, вели навивачот Џејсон Фрост за „Мирор“.
Денес и утре се очекува илијадници фанови од Ливерпул да пристигнат од Киев. Црвените добија 16.000 влезници но се очекува и навивачи без билети да пристигнат.