Палермо можеше,
но, не избори место помеѓу двете најдобри екипи во Серија Б сезонава со што ќе
обезбедеше директен пласман во Серија А за идната сезона, промоција во елитното
друштво на Италија направија Емполи, како и Парма.
Тимот од Сицилија
ќе почне од полуфиналната фаза во плејоф рундата за влез во Серија А, а за
противник ќе го добие подобриот од дуелот помеѓу Венеција и Перуџа, мечот се
игра на 30 месецов.
Според информациите кои пристигнуваат од Сицилија, се вели дека Илија Несторовски,
нашиот репрезентативец и капитен на Палермо е рехабилитиран целосно од
повредата со која се здоби претходно, а воедно ќе биде на располагање на својот
тим да му помогне во остварување на целта за сезонава откако се вратил на
тренинзите и работел со своите соиграчи на истите во полна пареа.
Извор: palermo.gds.it