639
Јапонскиот тим, Висел Кобе го претстави Андрес Иниеста како ново, големо засилување.
34-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со Кобе.
Иниеста ќе има уште една презентација која ќе се случи во сабота на стадионот „Мисаки Парк“ пред навивачите, а потоа ќе се приклучи на шпанската репрезентација на подготовките за Светското првенство во Русија.
Покрај Иниеста, во Кобе настапува и Лукас Подолски кој е во јапонскиот клуб од минатата сезона.