Шкендија ја
потврди големата доминација во нашиот фудбалски шампионат сезонава, па освен во
лигата, ја освои и титулата во Купот, а за противник го имаше ланскиот должник
од истото натпреварување, Пелистер.
Тетовските
црвено-црни стигнаа до убедлива победа од 3-0, а по првото полувреме
победничкиот табор имаше водство од 1-0 со голот на Муслиу во 20. минута.
Во второто
полувреме Ибраими во 52. минута зголеми на 2-0, а конечниот исход од средбата
во Струмица го постави Муслиу, со својот втор гол, овој пат во 72. минута.
Пелистер: Атанасовски; Неданоски,
Котевски Нерес, Илиевски; Коњарски, Маркоски, Трифуновски, Наумоски, Љамчевски
и Марковски.
Шкендија: Захов; Мурати,
Бејтулаи, Цуцули, Муслиу; Алими, Фазлагиќ, Жуниор; Радески, Ибраими и
Хасани.
Главен
арбитар на средбата во Струмица беше Марјан Маркоски.