110
Милан Ристовски кој минатиот месец наполни 20 години чекори по стапките на својот славен брат Стефан.
За разлика од Стефан, Милан игра во нападот и головите се неговото најважно мерило, а ако ја погледнеме неговата статистика за оваа сезона таа изгледа и повеќе од одлично.
Македонскиот фудбалер е најдобар стрелец во јуниорската лига во Хрватска.
Тој одиграл 17 натпревари на кои постигнал исто толку голови. Поминал вкупно 1417 минути на теренот, што значи дека давал гол на секои 83 минути.
Одличната сезона во јуниорскиот тим треба да му обезбеди поголема минутажа во првиот состав на Ријека следната сезона.