Милан може да остане без Лига Европа!

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат, Милан би можел да остане и без настап во
второто по ранг европско клупско натпреварување Лига Европа, откако УЕФА го
одби и вториот обид на тимот од Милано за претставување на планот на
рефинансирање на долговите во согласност со финансискиот фер-плеј.

Сепак, тоа што
Милан може да остане без настап во Европа идната сезона не би можела да биде
единствена санкција кон таа екипа, постои опција и на тимот од Милано да му
биде изречена парична казна, дури и во новата сезона да мора да влезе со
лимитиран број на фудбалери во тимот, а воедно и да добие забрана за купување
на фудбалери во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани