Андрес Иниеста
стави печат на долгогодишните настапи во дресот на Барселона, тој стави крај на
приказната со каталонскиот гигант која траеше повеќе од две децении.
Ќе потсетиме дека
33 годишниот фудбалер одлучи да му каже збогум на саканиот клуб по цели 22
години, а на емотивното обраќање кон јавноста каде ја објави својата одлука, не
можеше да ги сокрие солзите пред јавноста.
Во последниот меч
во овосезонската Примера се беше подредено во чест на легендата на Барселона, а
во моментите кога излегуваше од теренот тој доби овации од трибините, воедно и
аплауз кој траеше речиси десет минути. Ќе додадеме и дека откако сите заминаа
од Камп Ноу арената, Иниеста остана сам се’ до доцна во ноќта по полноќ.
Како изгледаше
последната недела мината на Иниеста во Барселона, зад сцените, проследете го
видеото…