233
Капитенот на Наполи, Марек Хамшик пријави желба за нов предизвик, а
тоа се чини значи дека ќе го напушти италијанскиот прволигаш кој можеше, но не
стигна до титулата во Серија А сезонава.
„Би сакал да
пробам некое ново искуство, оваа година постоеше чувство во тимот дека можеме
да го освоиме Скудетото, постои разочараност од фактот што не бевме успешни во
таа намера, нашите навивачи го заслужија тоа“ изјави Хамшик кој додаде дека на
авантурата со Наполи можеби и доаѓа крајот.
30 годишниот
Словак во Наполи дојде во 2007. година и стана легендарен фудбалер на таа екипа
минувајќи цели 11 сезони во тој дрес, за него постои сериозен интерес од Кина,
а тоа значи и богати понуди на негова адреса.