Пелистер нема да излезе со бело знаме, Шкендија сака куп-титула за печат на фантастичната сезона

by
2 минути читање

Утречевер со
почеток од 20 часот на стадионот Младост во Струмица ќе се одигра големото
финале од македонскиот фудбалски куп, каде во финалната битка за драгоцениот
трофеј ќе се борат Пелистер кој сезонава испадна во понизок ранг на
натпреварување, како и Шкендија, овосезонскиот шампион на Македонија.

Во пресрет на
мечот, денеска се одржа пресконференција на која присуство имаа од обата
табора, од Пелистер изразија почит за противникот но истакнаа дека нема да се
предадат и покрај тоа што не се во улога на фаворити, а од Шкендија пак
најавија дека сакаат освојување на куп-титулата како круна на одличната сезона.

Шкендија
влегува како голем фаворит на натпреварот. На убедлив начин го освоија
првенството, а со начинот на кој тоа го направија покажаа дека ја имаат
најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Ние сме во финале
и ќе се обидеме да се спротивставиме најдобро што можеме. Однапред не се
предаваме, напротив, се надевам дека ќе играме добар фудбал и ќе се бориме до
крај
, изјави тренерот
на Пелисер, Неџат Хусеин. 

Не
очекува финале, тоа е важно, не треба да не залажуваат победите во првенството.
Ова е еден натпревар и треба да го сфатиме максимално сериозно. Наша цел е
титула и во Купот на Македонија и ќе се обидеме да ја освоиме. Го почитуваме
Пелистер, но најбитни сме ние. Имаме голема шанса да ја оствариме победата за
најголем успех во историјата на клубот и ќе дадеме се од себе тоа и да го
направиме
, рече
тренерот на  Шкендија, Ќатип Османи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани