Кинеските пари се послатки од капитенската лента на Наполи

by
1 минути читање

Таткото на Марек Хамшик вели дека шансите неговиот син да замине во Кина се 60-40 во полза на кинеската понуда.

Хамшек го помина Марадона и стана фудбалерот кој постигнал најмногу голови во тимот на Наполи. Ако остане и следната сезона му остануваат уште 11 настапи да го собори и рекордот во најмногу настапи во овој клуб.

Но клуб од кинеската супер лига на Хамшик му доставил понуда од 10 милиони евра по сезона која може да го примами да направи трансфер.

„Нивниот интерес е сериозен, но преговорите не се лесни“, вели Ричард Хамшик, таткото на Марек.

„Три години Марек ги одбиваше сите понуди само за да се фокусира на освојување на Скудетото со Наполи, но тие повторно не успеаја да го направат тоа“.

„Проблем е што главниот преоден рок во Кина е во зима. Па првото прашање е кога би заминал. Сезоната во Азија трае, а кинеските клубови имаат ограничен број за странци во нивниот состав“.

„Друга работа е дека Марек се уште има три години од договорот со Наполи, па се е во рацете на неговиот агент и клуб“.

„Сега, мислам дека шансите се 60-40 во полза на заминување во Кина. Агентот на Марек ќе разговара со претседателот на клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×