74
Швеѓанецот го
покажа својот незгоден темперамент на денешното гостување на ЛА Галакси кај
Монтреал Импакт, клуб кој слави 25 години постоење.
Кон финишот на
првиот дел, еден домашен играч во борба за позиција го нагазна Златан
Ибрахимовиќ, кој ги загуби нервите, реагираше веднаш и од зад грб го „плесна“ противникот во
глава.
Откако „подели“ шлаканица, напаѓачот седна на тревата и почна да се жали на повреда.
Судијата го прегледа целиот инцидент со ВАР и сосема заслужено му покажа црвен картон на Ибра.