Атлетико Мадрид
со реми од 2-2 на домашен терен против Еибар го одигра последниот меч во
овосезонската Примера, но на таа средба имаше вознемирувачка ситуација за
најдобриот фудбалер на шпанскиот вицепрвак, Антоан Гризман.
Гризман на мечот влезе во игра во 59. минута на местото на Коке,
а во тие моменти беше со солзи во очите, причина за тоа што беше емотивен во тие
моменти беа свирежите од трибините кои ги доби од фановите на Јорганџиите.
Сево ова може да
донесе големи проблеми за клубот, од причина што дел од шпанските медиуми
шпекулираат дека Французинот неколку часа пред мечот им соопштил на челниците
на клубот дека ќе остане во тимот, откако подолг период се поврзува со трансфер
во Барселона, а шпекулациите се засилија во последниов период.
Ќе издвоиме и дека Гризман беше до толку вознемирен, што дури неговиот соиграч Диего Годин побара од фановите на Атлетико Мадрид да престанат со свирежите од трибините и да го поздрават Французинот со аплауз.