Големи емоции на „Камп Ноу“, Иниеста и кажам збогум на Барселона, па со часови седеше сам на теренот (ФОТО + ВИДЕО)

by
2 минути читање

Барселона го победи Реал Сосиедад со 1-0 и ја славеше титулата во Примера, но се беше подредено во чест на легендарниот Андре Иниеста кој синоќа го играше последниот меч во црвено-синиот дрес.

Иниеста на теренот беше до 80. минута кога беше заменет а навивачите со овации и аплауз кој траеше речиси десет минути го испратија својот фудбалер.

„Ова беа 22 неверојатни години и ми беше чест да играм за овој клуб кој за мене е најдобриот клуб во светот“, изјави Иниеста.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и на сите вас на стадионот. Заминувам на 34 години и сакам да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“.

Откако сите заминаа, Иниеста остана на Камп Ноу и до 1:30 часот сам седеше на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани