Скопје и Пелистер се селат во втора лига, Работнички ќе игра во Европа

by
2 минути читање

Во интересен меч
во кој два пати имаше негатива, Работнички со 3-2 го победи Скопје кој и покрај
одличните игри во вториот дел од сезоната не успеа да се спаси.

Скопје преку Демир
и Кофи два пати имаше водство, но Работнички со голови на Петковски и Кировски
го изедначуваше резултатот. Христијан Кировски во 82. минута со својот втор гол
овој пат од пенал ја донесе големата победа за својот тим.

Овој резултат и
одговараше на Победа која со триумф од 1-0 над Ренова се спаси и ќе игра бараж
за останување во Првата лига.

Шампионот
Шкендија со 4-0 го совлада Пелистер кој исто така се враќа во втората лига.

Шкупи со 4-1 го
победи Вардар и го освои четвртото место кое најверојатно ќе му донесе место во
Лига Европа. За да не се случи тоа треба Пелистер да направи големо
изненадување и да го освои Купот на Македонија во финалето со Шкендија.

Силекс се
надеваше дека Шкупи нема да победи, само во тој случај нивната победа на
гостувањето кај Академија Пандев од 2-1 ќе ги однесеше на четвртото место. Но
ништо од тоа, тие имаа солидна сезона која ја завршија на петтата позиција.

Конечна табела:

1. Шкендија 91
2. Вардар 56
3. Работнички 52
4. Шкупи 51
5. Силекс 50
6. Академија Пандев 42
7. Ренова 41
8. Победа 38
9. Скопје 35
10. Пелистер 34

Фото: ФК Работнички

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани