Роналдо се загреа со гол, синот на Зидан прими два на дебито за Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И покрај тоа што
„Кралевиете“ немаат за што да играат во Ла Лига и ги чека финале во Лигата на
шампионите, Зинедин Зидан со најсилен состав излезе на гостувањето кај
Виљареал. Одмор доби само голманот Кејлор Навас а неговото место помеѓу
стативите го завзеде синот на Зизу, Лука Зидан, кој дебитираше за првиот тим.

Па сосема
очекувано, Реал одлично го започна мечот и поведе преку погодокот на Бејл во
11. минута. Во 32. минута следуваше нов гол за гостите, по одличната
асистенција на Марсело, Роналдо со глава биеше за 0-2.

Гостите сепак се
опуштија во финишот на мечот, па Виљареал намали преку Мартинез во 70. минута.
На пет минути до крајот, „Жолтата Подморница“ стигна и до 2-2.

Марсело заспа при
една офсајд стапица, Кастиљехо се најде осамаен пред Лука Зидан, кој лошо ја
процени ситуацијата, се обиде на чуден начин да ја пресече топката и за неискусната интервенција прими лесен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани