На крајот радост за Челси, Конте ја доби битката против Мурињо во финалето од ФА Купот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Само еден гол
проследивме во финалниот меч од овосезонскиот ФА Куп на Англија, каде освојувач
е Челси кој славеше минимално со 1-0 над Манчестер јунајтед.

Единствениот гол
на средбата која се одигра на Вембли во Лондон го постигна Еден Азар во 22.
минута.

Најнапред Фил
Џонс не беше умешен во еден дуел со Белгиецот, немаше сили да го задржи па се
реши да старува врз него, а Мајкл Оливер не се двоумеше да покаже на белата
точка каде ладнокрвен во својата реакција беше првата ѕвезда на Челси, а Де Хеа
заврши на спротивната страна.

Манчестер
јунајтед имаше свои шанси, но не ги искористи, имаше доминација на поседот на
топката, а воедно убедлива статистика во однос на обидите кон голот, но, Сините
беа тие кои на крајот славеа, а вреди да се издвои и една спорна ситуација.

Алонсо прими
употреблива топка од Канте во второто полувреме во казнениот простор на
противникот, излезе сам очи во очи со Де Хеа но голманот на Црвените ѓаволи го
одбрани неговиот удар одбивајќи ја истата, во продолжение на акцијата Ешли Јанг
играше со рака во шеснаесетникот, но Оливер не сакаше ниту да ја искористи ВАР
технологијата за оваа спорна ситуација, мечот продолжи, но ништо не се смени до
крајот на резултатски план.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани