Вилшир му е понуден на ПСЖ?

by
1 минути читање

Извесно е дека
Џек Вилшир летово ќе си замине од Арсенал откако нема никакви најави дека тој
ќе ја продолжи соработката со тимот од Лондон, со кого има важечки договор уште
еден месец.

Според
информациите кои ги пренесува „Л
Екип“, агентите на Вилшир му го понудиле фудбалерот на ПСЖ, а постојат
најави кои велат дека тој нема да продолжи во Премиерлигата, туку ќе игра вон
Островот.

Постоеа падежи во
формата на Вилшир, особено откако подолг период мина со повреда, но се врати во
својата препознатлива форма, но, не доби повик од селекторот на Гордиот Албион,
Герет Саутгејт за Мундијалот, па фудбалерот изрази голема разочараност поради
одлуката на селекторот да го изостави, велејќи дека се чувствувал подготвен да
ги одработи сите негови зададени задачи, доколку дојде до такво нешто за
Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани