За Енис Барди
денес пишуваат и најголемите спортски медиуми, а секако, причина за тоа се
неговите фантастични натпревари во дресот на Леванте, па за момент на себе го
привлече и интересот на неколку европски гиганти, меѓу кои ПСЖ и Интер, кои се
споменуваат како најзагреани за потписот на македонскиот репрезентативец.
Шведски Малме
пред десет години го имал Енис Барди, понуден од страна на Агим Сопи, тренерот
на Ландскрона кој го однел нашиот фудбалер како младинец во таа екипа, но,
Малме не сакал ниту да го тестира нашиот репрезентативец.
„Драго ми е што
шведските клубови го игнорираа. Тие воопшто не сакаа ниту да го тестираат, до
денес немам добиено одговор за тоа зошто испадна така, се запрашав зошто дојде
до тоа и што би пропуштиле доколку тестираат еден талент за да го видат на дело
неговиот талент“ изјави Сопи, за шведскиот медиум „Експресен“.
Барди потоа бил
дел од младинскиот погон на дански Брондби, кој бил несигурен во тоа дали да го
задржи во своите редови или не, па преминал во Преспа Бирлик, бил нуден и на
Ландскрона, Мјалби и Хелсингборг, но немало конкретни одговори од тие клубови,
Ујпешт пријавил интерес за Македонецот и го добил, а по унгарскиот клуб следеше
преселба во шпанскиот прволигаш Леванте каде блесна.