Мурињо и Конте ги „закопале секирите“

by
1 минути читање

Мурињо и Конте долго време важеа за непријатели, нивниот се влоши кога Португалецот го обвини стратегот на Челси дека со прославата на голвите против Јунајтед во победата од 4-0 сакал да го понижи противникот.

Потоа и двајцата зборуваа се и сешто еден за друг, Мурињо за Конте велеше дека е местач на натпревари, a Италијанецот ја употреби фразата на свој јазик „demenza senile“, сенилна деменција за Жозе.

Но, Мурињо во пресрет на финалето од ФА Купот изјави дека сега тие се смирени и имаат меѓусебна почит.

„Добар ни е односот, добар е. Се ракувавме и сега сме добри. По мечот во Манчестер го поканив во мојата канцеларија. Разговаравме. Нема ништо лошо меѓу нас“, вели Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани