126
Циклусот на Пеп
Гвардиола во Манчестер Сити би можел да трае подолго од оној во Баерн Минхен и
Барселона откако стратегот денеска се обврза кон „Граѓаните“ до 2021.
Шпанецот оваа
сезона го предводеше Манчестер Сити до насловот шампион на Англија, а на патот
до титулата беа урнати и еден куп рекорди. Па очигледно лидерите на клубот не сакаат
да ризикуваат ништо и го наградија со рекордна плата.
Се шпекулира дека
Пеп Гвардиола во иднина ќе заработува 23 милиони евра по сезона, што е
највисока плата на еден тренер во историјата на фудбалот.