Премиерлигашите
трошат како луди а една од причините е богатиот договор за ТВ права. Сега
откако заврши сезоната, медиумите од „Островото“ објавија колку ќе добие секој
клуб.
Дека во
Премиерлигата се вртат суми од кои боли глава, доказ е тоа дека последно
пласираниот ВБА ќе инкасира над 94 милиони фунти, или околу 108 милиони евра. Во Европа само Барса
и Реал, кои индивидуално ги продаваат ТВ правата, можат да се пофалат со
повисока сума. Прашање е дали и победникот во Лигата на шампионите ќе „лапне“
повеќе
Манчестер Сити
можеби е шампион и избраниците на Пеп Гвардиола соборија голем број на рекорди
оваа сезона, но Манчестер јунајтед е на врвот кога е во прашње заработката. Двата клуба ќе
инкасираат речиси 150 милиони фунти, „Ѓаволите“ ќе лапнат нешто над 300.000 фунти
повеќе од лутиот градски ривал.
OFFICIAL: the final numbers for Premier League cash allocation for 2017-18. Story to follow. pic.twitter.com/U3CS0dEf5J
— Nick Harris (@sportingintel) May 17, 2018