334
Овосезонскиот
освојувач на трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лига
Европа, тимот на Атлетико Мадрид сака да ја зголеми откупната клаузула во
договорот на својот голман, Јан Облак.
Тимот од Мадрид
сево ова сака да го реализира за да се заштити од интересот за еден од
најдобрите голмани во светот, а Словенецот моментално има откупна клаузула во
висина од 100 милиони евра, но, директорот на клубот Михел Анхел, смета дека
истата мора да биде поголема.
„Ќе се обидеме да
ја зголемиме клаузулата на Облак, има голема доверба од сите нас. Знаеме дека
сака да остане во клубот, истото го посакуваме и ние“ рече тој за голманот за
кого интерес имаат пријавено Арсенал и Ливерпул.