Долго време се
најавуваше дека ова ќе биде последна сезона за Џиџи Буфон, и кога беше
соопштено дека тој денеска ќе се појави на прес конференција, сите очекуваа
голманот да потврди дека става крај на кариерата.
Сепак, Италијанецот
на средбата со новинарите само потврди дека дуелот со Верона во сабота ќе биде
негов последен во дресот на Јувентус. Тој најави дека следната недела ќе донесе
конечна одлука за следниот чекор бидејќи добил неколку примамливи предлози.
„До пред 15 дена
беше јасно како ден дека ќе престанам да играм. Но пристигнаа неколку понуди и
возбудливи предизвици. Следната недела, откако се ќе се смири, ќе одлучам што е
најдобро за мене” –
порача Џиџи Буфон.
Медиумите
шпекулираат дека на адреса на голманот пристигнале понуди од САД и Кина, како и
предлог од Аргентина, или поточно од Бока Јуниорс. Но сите овие понуди биле
одбиени. Сонот за триумф
од Лигата на шампионите се уште останува, па Џиџи ако веќе продолжува да игра
планира тоа да биде во клуб кој има големи шанси за трофејот од најелитното
европско натпреварување.
Медиумите од
Италија шпекулираат за три примамливи понуди. Едната е од Ливерпул, за која се
пишува неколку дена, а и самиот Џиџи Буфон беше запрашан на пресот за авантура
во Премиерлигата.
ПСЖ е уште една
опција. „Светците“ се во потрага на нов голман и имаат атрактивен проект.
Последниот
предлог веројатно е најсеназционален, односно Џиџи Буфон да заврши на Сантијаго
Бернабеу во дресот на Реал Мадрид, „Кралевите“ секое лето се поврзуваат со
звучно голманско име. Давид де Хеа од Манчестер јунајтед и Тибо Куртоа од Челси
во неколку наврати веќе беа споменати.