Буфон објави крај на престојот во Јувентус, но не и крај на кариерата. Потврди дека има понуди и во наредните денови ќе одлучи дали ќе продолжи да брани и каде ќе биде тоа.
Во меѓувреме ние да видиме каква беше неговата кариера во Јувентус.
– Буфон е голманот со најмногу настапи во Серија А од сите голмани, вкупно 639, а втор од сите играчи, пред него е само Паоло Малдини (647).
– Буфон вкупно бранел на 875 натпревари за Јувентус, примил 729 голови, неговата мрежа мирувала на 383 натпревари.
– Тој го држи Серија А рекордот за најдолго време без примен гол, 974 минути во сезоната 2015-2016.
– Никој нема повеќе настапи за Италија од Буфон, тој го држи европскиот рекорд за настапи во репрезентацијата со 176 досега.
– Само Алесандро Дел Пјеро одиграл повеќе натпревари за Јувентус од него, 705, а ниту еден не бил на теренот повеќе минути од Буфон.
– Буфон го држи рекордот за фудбалер со најмногу настапи во Лигата на шампионите од Јувентус 115.
– Џиџи одиграл повеќе од 1.000 професионални натпревари во кариерата.
– Тој 12 години ја добива наградата за најдобар голман во Серија А, такво нешто не му успеало на никој досега.
– Буфон го држи рекордот за најмногу натпревари без примен гол за италијанската репрезентација, 77.
– Џиџи го дели рекордот на најмногу освоени Скудета во серија со Андреа Барзаљи, Џорџо Кијелини, Стефан Лихштајнер и Клаудио Маркизио откако оваа сезона триумфираа седми пат по ред.
– Буфон освоил вкупно девет Скудета што е рекорд. Ако го прашате него ќе ви каже дека освоил 11 бидејќи ги брои и тие од 2004/05 и 2005/06 кои италијанската федерација му ги поништи на Јувентус поради Калчополи скандалот.