Полувреме: Атлетико Мадрид има водство, Олимпик Марсеј остана без својот најдобар фудбалер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид има минимално водство од 1-0 по првото
полувреме од дуелот против Олимпик Марсеј во финалето од Лига Европа кое се
игра во Лион.

Олимпик Марсеј преку Жермен по само четири минути игра ја
имаше првата мини-шанса на мечот, офанзивецот на францускиот тим прими еден
центаршут во казнениот простор на противникот и упати удар кон голот, но обидот
беше доста непрецизен и заврши над голот.

Во 21. минута Атлетико Мадрид преку Антоан Гризман дојде до
водство откако Французинот искористи еден огромен кикс на противничката екипа
откако Манданда упати пас кон средината на теренот, поточно кон Ангуиса кој не
реагираше добро под притисок и не ја исконтролира убаво топката, истата дојде
до Гризман кој го матираше Манданда за 1-0, резултат кој остана до крајот на
првиот дел.

Голем проблем за Олимпик Марсеј е фактот што остана без својот најдобар фудбалер откако Димитри Паје уште во 32. минута мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда.

Олимпик Марсеј: Манданда, Окампос, Сансон, Паје (32′ Лопез), Сар,
Амави, Луиз Густаво, Рами, Товин, Жермен 
и Ангуиса.

Атлетико Мадрид: Облак, Годин, Коке, Гризман, Њигез,
Кореа, Габи, Врсаљко, Коста, Лукас и Хименез.

Мечот го суди холандскиот арбитар Бјорн Кујперс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани