Зидан навива за Олимпик Марсеј: Израснав со тој клуб

by
2 минути читање

Вечерва со
почеток од 20 часот и 45 минути се игра големото финале од второто по ранг
европско клупско натпреварување сезонава, Лига 
Европа, каде силите ќе ги одмерат Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид.

Зинедин Зидан,
шефот на стручниот штаб на финалистот и бранител на титулата во Лигата на
шампионите, Реал Мадрид, изрази надеж дека неговиот омилен клуб за кого навива
од своето детство ќе има голем успех вечерва.

Ова е
неверојатно за Марсеј, за клубот, секако и за фудбалерите, но, пред се
голем успех за градот. Марсеј е фудбалски
град и мора да ги искуси овие емоции, како во минатото. Тие се голем клуб и ќе
играат во големото финале. Се надевам дека ќе одиграат добар меч, бидејќи, јас
сум голем навивач на Олимпик Марсеј
“ рече Французинот.

Одев на
натпреварите на тој клуб додека бев млад, израснав со тој клуб, им посакувам
среќа во финалето
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани