„Сините“ се
обидуваат да го убедат Еден Азар да ја продолжи верноста и му го нудат
најбогатиот договор во историјата на клубот, односно неделна плата од 300.000
фунти.
Еден Азар, кој со години е желба на Реал Мадрид и никогаш не криел дека сака да игра под водство на Зинедин Зидан, вели дека е среќен на Стемфорд
Бриџ но постави услов за останување во Челси. Фудбалерот бара Роман Абрамович
да го одврзе ќесето и да донесе квалитетни играчи со кои тие следната сезона ќе
атакуваат на титулата
Белгиецот исто
така е свесен дека следниот договор веројатно ќе биде негов последен во врвот
од кариерата, па затоа ги разгледува сите аспекти.
„Одлуката е
голема, треба да размислам за многу работи и затоа не брзам. Но едно е сигурно,
среќен сум тука” – вели
Азар.
Запрашан да ги
посочи факторите кои ќе влијаат на неговата одлука, тој додава: „Чекам да видам
кои нови играчи ќе пристигнат за следната сезона. Сакам квалитетни играчи
бидејќи сакам следната сезона да ја освојам Премиерлигата”.
„Како што кажав
многу пати во минатото, мислам дека финалето од ФА Купот нема да биде мојот
последен натпревар за Челси. Тоа е само последен натпревар оваа сезона. Потоа
следи Светското првенство а по одморот ќе бидат подготвен за новата сезона”.