Биг Сем доби „клоца“ од Евертон, но си лапна 9 милиони фунти за седум месеци

by
1 минути читање

Искусниот стратег
го превезеде Евертон во ноември и стави потпис на договор со трајност до 30.
јуни 2019. И покрај тоа што „Карамелите“ напредуваа на табелата под негово
водство, фановите имаа замерки за стилот на игра кој го негува Сем Алардајс.

Утробо популарниот Биг Сем
имал средба со главниот акционер на клубот, Фархад Мошири и му било соопштено
дека не е дел од долгорочниот план на Евертон.

Можеби авантурата
за Сем Алердајс на Гудисон Парк не помина добро на спортски план, но се покажа
како прилично лукративна. Со отказ доби и убава исплата од 6 милиони фунти, а
ако се додаде и платата од 3 милиони футни, за нешто помалку од седум месеци
работа тој си лапна 9 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани