Синоќа се
доделуваа наградите за најдобрите во Лиг 1 во 2017/18 и Бразилецот го
доби трофејот за најдобар играч и покрај тоа што пропушти една третина од
сезоната поради повреда.
Медиумите ја
искористија оваа прилика да го запрашаат Нејмар за се почестите шпекулации за
нов мега трансфер. Од Шпанија се погласно се говори за преселба во Реал Мадрид,
а од „Островото“ пристигнуваат информации за понуда од
Манчестер јунајтед вредна 200 милиони фунти.
„Секој трансфер
период е ваков, се пишуваат многу работи, во моментов не сакам да зборувам за
ништо. Сите знаат зошто дојдов тука, што сакам да направам и целите кои ги
имам. Сега, мојата цел е Светското првенство, а не да зборувам за трансфер.
Целиот мој живот, во секој преоден рок, зборуваме на оваа тема, па веќе ми здосадува” – вели Нејмар.
Со оглед на тоа
дека тој буквално ништо не расчити, следуваше ново конкретно прашање: „Дали
остануваш?“. Но наместо одговор, Нејмар реши да си замине.