212
На коло пред крајот на сезоната Барселона го забележа првиот пораз оваа сезона во Примера и тоа на гостувањето кај Леванте каде блескаше Енис Барди.
Македонскиот фудбалер постигна два прекрасни гола. Првиот со десна нога во 46. минута, вториот само десет минути подоцна со лева. Тоа беа осмиот и деветиот погодок за Барди оваа сезона во дресот на Леванте.
Хет-трик за Леванте постигна Боатенг. Но тој не беше единствен со таков учинок, Кутињо даде три гола за Барселона, еден беше дело на Суарез од пенал.
Леванте имаше водство од 5-1, Барселона успеа да се врати во мечот, дојде до 5-4, но не избегна пораз.