Овосезонскиот
вицепрвак на Македонија а лански шампион Вардар, загуби во вечното дерби против
Пелистер на домашен терен со 2-3, а гостите во самиот финиш од средбата на „Националната
Арена Филип Втори“ во Скопје дојдоа до исклучителни важни три бода во битката
за опстанок во Првата лига.
Барсегјан ги доведе
црвено-црните во почетно водство на мечот уште во 8. минута, а Трифуновски од
пенал само пет минути подоцна израмни на 1-1, со тој резултат се замина на
паузата.
Во второто
полувреме Блажевски од пенал повторно го доведе Вардар во водство, овој пат од
2-1, а Коњарски во 69. минута израмни на 2-2. Конечните 2-3 ги постави
Наумовски со голот во судиското продолжение од средбата.
Со овие три бода,
Пелистерци (34) на две кола до крајот, сега имаат бод помалку од Победа (35) во
битката за местото кое води во бараж фазата за опстанок, односно два повеќе од
последно пласираниот Скопје (32) кој се препороди во вториот дел од сезоната.
Овосезонскиот првак Шкендија го доби
дуелот против последнопласираниот Шкупи кој издржа само едно полувреме во
Тетово откако резултатот на паузата беше 1-1, Радески погоди уште во втората
минута за 1-0, а Демир израмни на 1-1 само десет минути подоцна. Во второто
полувреме по само три минути игра Емини ги доведе домаќините во водство од 3-1,
а победата ја потврди Алими во 88. минута.
Интересна ќе биде
докрај и битката за излез во Европа, поточно за третото место на кое моментално
се наоѓа Работнички (48), а шанса имаат и Силекс (46), како и Шкупи (45).
Резултати:
Академија Пандев –
Работнички 0:1
Победа – Силекс 1:0
Шкендија – Скопје
3:1
Шкупи – Ренова 3:0
Вардар – Пелистер
2:3
Фото-вест: ТВ24