Манчестер Сити заврши со неверојатни 100 бода, Тотенхем славеше во мечот со девет гола против Лестер (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Манчестер Сити,
овосезонскиот првак во англиската Премиерлига, сезоната ја заврши со
неверојатни 100 освоени бода, односно 32 победи, 4 ремија и 2 порази, откако
тимот на Гвардиола денес во последното коло славеше минимално на гостувањето
кај Саутемптон со 0-1.

Габриел Жесус во
финишот од средбата го постигна голот за победа на гостите кои доминираа на
средбата.

Од останатите
средби го бележиме и фантастичниот меч помеѓу Тотенхем и Лестер со дури девет
гола, во кои домаќините беа подобри на крајот со 5-4.

Мечот на Вембли
на резултатски план го отвори Варди, израмни Кејн, а гостите преку Марез
повторно дојдоа до водство, овој пат со 1-2.

Во второто
полувреме Илхеначо зголеми на 1-3, а негативата за Тотенхем ја намали Ламела,
Фухс си постигна автогол за израмнување на резултатот на 2-2, а Ламела со
својот втор гол на мечот веќе донесе предност за Тотенхем од 4-3. Иако израмни
на 4-4 преку Варди, Лестер не успеа да стигне до бодови откако Кејн донесе
победа за домаќините од 5-4.

Место во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Ливерпул, а во Лига Европа ќе играат Челси и Арсенал. Во квалификациите за второто по ранг европско клупско натпреварување ќе игра Барнли кој како големо изненадување заврши на седмото место на табелата.

Од следната сезона
Свонси, Стоук и ВБА ќе се преселат во понизок ранг, односно, ќе се
натпреваруваат во Чемпионшиплигата.

 

Резултати од
денешните средби
:

Барнли – Борнмут 1:2

Кристал Палас –
ВБА
2:0

Хадерсфилд –
Арсенал
0:1

Ливерпул
Брајтон 4:0

Манчестер
јунајтед – Ватфорд
1:0

Саутемптон –
Манчестер Сити
0:1

Свонси – Стоук 1:2

Тотенхем – Лестер
5:4

Вест Хем –
Евертон
3:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани