Познато е кога ќе биде објавена казната за Сити!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити се соочува со можноста да биде исфрлен од Премиер-лигата доколку неговата жалба, која треба да се разгледува во декември, биде одбиена, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Манчестер сити би можел да се соочи со санкции во јануари доколку жалбата не му биде прифатена. Постапката поврзана со прекршувањето на финансиските правила треба да биде разгледана во средината на декември. Меѓу можните казни се парична санкција, одземање бодови, па дури и исфрлање од Премиер-лигата.

Манчестер сити беше прогласен за виновен по 115 точки од обвинението за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата во периодот од сезоната 2009/10 до 2017/18, како и за недостиг од соработка во истрагата, која траеше до февруари 2023 година.

На англиските клубови и за далеку помали прекршоци досега им беа одземани бодови, најчесто од четири до 12. Поради тоа, англиските медиуми шпекулираат дека Сити би можел да добие толку строга казна што веќе следната сезона би настапувал во втората лига. Постои и можност клубот да остане во Премиер-лигата, но да започне со толкав бодовен минус што практично би му бил загарантиран падот во Чемпионшип.

Голем дел од клубовите во Англија сметаат дека, доколку Манчестер сити добие драстична казна, треба да му бидат одземени и сите трофеи освоени во периодот на наводните прекршувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×