Барса како извинување ќе го почасти Атлетико со 15 до 20 милиони евра

by
1 минути читање

Двата клуба негуваат блиски и пријателски односи, но изминатава недела влегоа во „војна“ поради Антоан Гризман. Французинот е желба на Барселона, и првиот човек на „Каталонците“ јавно потврди дека тие веќе оствариле контакт со играчот.

Ова не им допадна на лидерите на Атлетико, кои силно „удрија“ по своите колеги од Камп Ноу.

Денешното издание на Спорт вели дека Барселона сега има план како да го ангажира Антоан Гризман и притоа да го задржи добриот однос со „Колчонероси“. Весникот пренесува дека Барса ќе му предложи на Атлетико Мадрид наместо да ја активира откупната клазула вредна 100 милиони евра, да плати екстра 15 или 20 милиони евра и зделката да се комплетира како нормален трансфер.

Шампионот на Шпанија веќе си има подадено рака со играчот, и сега ќе се обиде во пријателска атмосфера да постигне согласност и со Атлетико. Доколку тимот од Ванда Метрополитано го одбие ваквиот предлог, Барса со 100 милиони евра ќе ја активира откупната клаузула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани